Ланското друштво повторно на собир

Вардар, ЧСМ Букурешт, Будуќност и Ѓер се екипите кои ќе настапат на Ф4 во Лигата на шампионите. Исто како и минатата година. Ждрепката ќе се одржи денеска.

На победа во Лигата на шампиони, исто како и на подарен коњ, не ѝ се гледа во забите. Вардар е на завршниот турнир, иако не беше којзнае колку импресивен на дуелот со Митјиланд во Скопје. Фактот дека црвено-црниот тим одигра доволно добро за да стигне по четвртипат во Будимпешта, би требало да биде доволно за да ги смири критиките, иако држат вода и констатациите дека со играта прикажана против Митјиланд тешко дека ќе може да биде елиминиран било кој од учесниците на завршниот турнир. Но, кој вели дека таа ќе биде играта во полуфиналето?

Будимпешта е сосема поинаква приказна. И сите го знаат тоа, посебно Вардар, кој е еден од двата тима кои биле дел од сите три досега организирани „Ф4“ турнири. Таму, во тие 60 минути, сè е поинаку и ништо од претходните победи или порази во Лигата на шампионите нема да биде битно. Средбата со Митјиланд, односно неколку фази од тој натпревар можат да биде опомена. Но, ете и за триото Дибирова-Кокшаров-Станковски домашна работа во пресрет на „Ф4“.

Вардар е тим дизајниран за шампионска титула и пласманот во полуфиналето веќе не е успех сам по себе туку успешно мината фаза. А првиот чекор кон Будимпешта ќе биде направен денеска, кога Вардар, ќе го дознае името на противникот со кого ќе ги одмерува силите во полуфиналето на фајнал фор турнирот во Будимпешта.

Ланското друштво повторно е повторно на собир, ривалите се истите. Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт. Од квартетот што се пласираше на Ф4, единствено Вардар нема шампионска титула. Нема дури ни финале.

Ѓер славеше на првиот Ф4, Будуќност на вториот, лани сензационален победник стана тимот на ЧСМ Букурешт. Се надеваме дека годинава триото ќе стане квартет, а четирите најбогати и најквалитетни екипи ќе се израмнат на тој план.

Сите екипи и сите ракометарки имаат желби пред денешната ждрепка. Малкумина од нив, пак, се доволно храбри тоа да го кажат и јавно, иако немаат што да загубат. Наместо тоа, се „кријат“ зад флоскулите од типот „кој и да биде ќе биде тешко“, „сеедно е кој ќе биде противник“ и така натаму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...