Македонија-Исланд за цена од 100 и 200 денари

Македонската машка ракометна репрезентација во четврток (4 мај), со почеток од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.

Продажбата на влезници за натпреварот почнува во денеска во 12 часот на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс. Влезниците се продаваат по цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Натпреварот против Исланд е од огромно значење за нашата репрезентација во борбата за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. Македонија, заедно со Исланд, но и со останатите две селекции кои се наоѓаат во нашата група (Чешка и Украина) има по 2 освоени бодови по првите две одиграни средби.

По завршувањето на овој натпревар, Македонија на 7 мај ќе гостува во Рејкјавик на Исланд, а последните две средби од групата против Украина на гостински терен и против Чешка дома, ќе се одиграат на средината на јуни. Првопласираните две репрезентации од групата обезбедуваат учество на ЕП 2018 во Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...