Сонувам за Бундеслигата –играм за Металург

„Сон на секој ракометар е да игра во Бундеслигата, па и јас се надевам на тоа. Но во моментов сум играч на Металург и имам договор со него до 2020 година“, објаснува бекот.

Македонскиот репрезентативец и капитен на Металург, Филип Кузмановски, според ракометниот портал „24ракомет“, би требало да ги засили редовите на бундеслигашот Магдебург во сезоната 2018-2019. На почетокот од годинава, кога неговиот екс соиграч Филип Талески замина во Рајн Некар Левен, исто така и за него се најавуваше дека ќе замине во редовите на „лавовите“.

Дека Германија е посакувана дестинација за него, тој воопшто не крие, но демантира дека во моментов има каква било комбинација за заминување од редовите на Металург, клуб со кој има договор до 2020 година.

„Навистина не знам од каде дојде оваа информација. Сон на секој ракометар е да игра во Бундеслигата, која е една од најсилните и најквалитетни лиги во светот, па и јас се надевам на тоа. Претходно беше РНЛ, сега Магдебург, но нема никаков договор... Јас сум играч на Металург, со кој имам договор до 2020 година“, објаснува капитенот на „металурзите“, Филип Кузмановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...