Федерер и Квитова ја потврдија формата

Поранешните шампиони Роџер Федерер и Петра Квитова покажаа дека се подготвени за борба за нова титула на Вимблдон, по победата на подготвителните турнири.

Федерер им прати вистинска „закана" на своите ривали откако го „уништи" Александер Зверев со 6:1/6:3 и по деветти пат ја освои титулата на Гери Вебер опен во Хале.

Освојувачот на 18 гренд слем титули не загуби ниту еден сет во Хале, го освои својот 92. трофеј во кариерата, со што е на само две титули до второто место на вечната листа, зад Иван Лендл. На првото место е Џими Конорс, со засега недостижни 109 трофеи.

Поранешната двократна шампионка од Вимблдон, Петра Квитова, покажа дека е подготвена за уште еден напад на титулата во Лондон, откако ја освои титулата во Бирмингем. Во само вториот турнир во 2017 година, таа закрепна од сет-негатива за со 4:6/6:3/6:2 да ја победи Австралијката Ешли Барти и за да не ѝ дозволи да ја освои првата титула во кариерата.

Анастасија Севастова ја освои својата прва ВТА- титула од 2010 година и прва на трева во кариерата, победувајќи ја Германката Јулија Гергес со 6:4/3:6/6:3 во финалето на Мајорка опен.

Шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез се врати од еден сет негатива за драматична 4:6/7:6(2)/7:6(8) победа над Марин Чилиќ, за трофејот од подготвителниот турнир за Вимблдон, елитниот Квинс клаб во Лондон.

До шестата титула во кариерата, во второто финале на Квинс клаб, Лопез стигна на најтешкиот можен начин, враќајќи се од сет-негатива и борејќи се во два тај-брејка. Посебно беше израмнето во последниот сет, во кој тај-брејкот имаше конечен резултат од 10:8.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...