Дејвис останува десна рака на Гонзалес

„Да, да, остануваме заедно со Давид. Тој ќе биде мој асистент и следната сезона“, кусо потврди Раул Гонзалез

Тимот кој победува, не се менува! Раул Гонзалез како главен стратег и Давид Дејвис како негов асистент остануваат да го водат европскиот првак Вардар и во следната сезона.

На крајот од април годинава, се појавија информации дека Дејвис, кој има договор со македонскиот првак до јуни 2018, во новата сезона ќе ја загуби позицијата на помошник-тренер на Гонзалез и дека договорот ќе го доработи во Академијата.

Но, настаните што следуваа потоа, односно фантастичниот финиш на сезоната во која освоија сѐ што можеше да се освои, односно она најважното, шампионската титула во Лигата на шампионите, значеше дека нема да има промени на клупата на „црвено-црните“. Тоа ни го потврди и вардаровиот стратег.

„Да, да, остануваме заедно со Давид. Тој ќе биде мој асистент и следната сезона“, кусо потврди Раул Гонзалез.

Шпекулациите за „прекомандата“ на Дејвис го сместија и Парондо, асистентот на Раул во националниот тим на клупата на Вардар, но Парондо е дециден во својот став дека останува активен ракометар и по завршувањето на обврските со младинската репрезентација на СП У21 Алжир, ќе му се приклучи на унгарски Будакалаш во подготовките за новата сезона.

Давид Дејвис дојде во Вардар во 2014 година, и тоа по препорака токму од Раул Гонзалез. Покрај машкиот тим, на неговите услуги се потпираа и дамите, преклани како поддршка на тогашниот тренер Индира Кастратовиќ, додека лани дел од сезоната, и сам го водеше ЖРК Вардар. Но по негово барање, Дејвис се врати на клупата на машкиот тим до Раул, со кого го донесоа најголемиот успех не само на Вардар туку и на македонскиот клупски ракомет воопшто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...