Чупиќ: Освоивме важни бодови

Европскиот шампион Вардар триумфално ја почна одбраната на трофејот со гостинска победа кај Висла Плоцк (26:22). Десното крило Иван Чупиќ e задоволен од освоените бодови на тешкиот терен во Плоцк.

- Знаевме дека тие играат многу добро на домашен терен, но мислам дека заслужено победивме. Ова се многу важни бодови за нас. Знам дека на сите екипи ќе им биде тешко тука да играат, па и да победат. Ние сега ќе уживаме во победата, изјави хрватскиот интернационалец.

Тренерот Раул Гонзалез ја пофали играта во одбраната како клучна за победата на „црвено-црните“.

- Овде е тешко да се освојат бодови. Висла има одличен тренер и добри играчи. Ние добро игравме во одбрана и тоа беше една од главните разлики. Висла беше подобра на почетокот на вториот дел. Тоа ни донесе проблеми, но успеавме да се консолидираме и да победиме, рече Гонзалес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...