Раул им даде слободен ден на ракометарите пред дуелот со Татран

Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер го пречекува Татран Прешов во дуел од регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзлаес одлучи тимот денес да на тренира поради напорното гостување во Полска.

- Ова сезона Татран е многу добар. Има силна одбрана и тоа го докажа на претходните натпревари. Ние денеска се вративме од Плоцк и поради тоа им дадов слободен ден на играчите. Нема да тренираме, бидејќи знам дека се многу уморни. Утре ќе се подготвуваме тактички со помош на видео снимки. Утре ќе имам и целосна слика за здравствениот билтен и ќе одлучам со кој состав ќе настапиме. Фаворити сме, ама не треба да се опуштаме, изјави Гонзалес на денешната прес-конференција.

Ова ќе биде четврти натпревар за двата тима, Вардар има максимални три победи,Татран две победи и еден пораз. Продолжување на победничката серија очекува капитенот Стојанче Стоилов.

- Сезоната до сега се одвива како што очекувавме и како што се надевавме. Имаме три победи во СЕХА и една во Лигата на шампионите остварена вчера. Се надевам дека така ќе продолжиме. Во првите три кола Татран покажа дека може да биде незгоден противник, но ние сме Вардар европски шампиони, играме дома и треба на теренот да покажеме зошто сме фаворити, потенцира Стоилов.

Натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...