Рајн Некар Ловен нов лидер во групата А од Лигата на шампионите

Ракометарите на бундеслигашот Рајн Некар Ловен со триумфот синоќа над ППД Загреб 31:24 се искачија на првото место на табелата во групата А од Лигата на шампионите, но со натпревар повеќе од директните конкуренти европскиот првак Вардар и Барселона.

РНЛ ја оправда фавористката улога против хрватскиот првак Загреб, кој само на моменти беше конкурентен тим. Македонскиот репрезентативец во дресот на РНЛ Филип Талески постигна еден гол, а имаше и две исклучувања. Најефикасен на дуелот беше Хендрик Пекелер (РНЛ) со осум голови, а Жарко Марковиќ (Загреб) постигна 7. На дуелот одигран во средата Висла - ПИК Сегед 27:33.

РНЛ е прв на табелата со осум бодови, Вардар, Барселона и ПИК Сегед имаат по седум, Нант три, Загреб два, Висла еден, Кристијанштад еден.



На вториот дуел одигран синоќа Кадетен Шафхаузен го совлда Скјерн со 25:24, иако на полувреме губеше со 13:9.

Македонските екипи дуелите од 5. коло ги играат утре. Вардар е домаќин на Барселона, а Металург гостува кај Чеховски Медведи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...