Црногорски ракометар вмешан во афера со шверц на 200 килограми кокаин

Поранешниот црногорски ракометен репрезентативец Александар Свитлица е дел од аферата за шверц на 200 килограми кокаин од Јужна Америка во Германија, количество чија вредност се проценува на 50 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.

Германското обвинителство го товари Свитлица дека го помогнал бегството на првоосомничените за шверцот, на тој начин што ги резервирал нивните авионски карти, им обезбедил преведувач и им позајмил поголема сума на пари.

Обвинетиот поранешен ракометар веќе бил на сослушување, по што минал една ноќ во притворот, а потоа бил пуштено на слобода.

- Мојот клиент нема ништо со шверцот на дрога. Во ниту еден од случаите не и помогнал на таа група, а парите кои се спомнуваат немаат ништо заедничко со дрогата, изјави адвокатот на Свитилица, Холгер Роштек.

Триест и петгодишниот Свитлица, кој е роден во Пријепоње, за ракометната репрезентација на Црна Горе има настапено на 30 натпревари, а во моментов е член на германскиот тим Минден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...