Лазаров: Навивачите нè понесоа кон победата

Македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија (25:24) ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска..

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров триумфот го посвети на навивачите кои им дадоа голема поддршка на „црвено-жолтите“ во „Арена Загреб“.



- Уште на загревање кога истрчавме на паркетот ја почувствувавме поддршката од нашите верни навивачи кои поминаа голем пат да дојдат да не бодрат. Тие се клучниот фактор за нашата победа. Секако и ние на теренот имаме заслуга. Одигравме паметно кога се одлучуваше победникот. Ја задржавме топката до крај во последниот напад. Заслужено ги освоивме бодовите. Одиме малку да се одмориме и уште посилно против Црна Гора. Во никој случај не смееме да ги потцениме Црногорците, изјави Лазаров.

Тој со седум голови беше втор стрелец во нашиот тим, зад Дејан Манасков кој постигна осум голови, но капитенот имаше извонредни асистенции во неколку битни моменти.

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски го оцени како многу тежок дуелот со словенечката селекција.

- Стартуваме со победа и тоа против Словенија која порано ни правела многу проблеми. Одигравме еден тежок натпревар кој не беше убав за гледање. Многу тензија на теренот, тежок за играње. Од нивна страна беше полесно да се игра, имаа психолошка предност дека досега не победувале. Треба да уживаме во оваа победа и добро да се подготвиме за дуелот со Црна Гора. Има многу енергија кај нас. Во првиот дел бевме поквалитетни во одбраната, во вториот дел имавме многу загубени дуели еден на еден и тогаш е тешко да се одбраниш. Сепак на крајот заслужено ги освоивме бодовите, рече Ристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...