Раул Гонзалес: Сите бевме супер!

Репрезентацијата на Македонија ја запиша втората победа на ракометното Европско првенство во Хрватска и си обезбеди пласман во втората фаза.

Вечерва во Загреб, македонските ракометари беа подобри од Црна Гора со 29:28 за максимални четири бода и прво место на табелата во Ц-групата по две одиграни рунди.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес покрај тоа што си го обезбедија учеството во следниот круг, таму ќе пренесат најмалку два бода што е предуслов плус за висок пласман, па дури и атак на полуфиналето доколку в среда против Германија се одигра барем нерешено.

Селекторот на Македонија, беше среќен по победата над Црна Гора и обезбедениот пласман во втората фаза од Европското првенство.

- Многу сум задоволен што на двата натпревара остваривме две победи и имаме максимални четири бода. Почнавме добро, па малку застанавме. Во второто полувреме бевме подобри. Сите бевме супер, а посебно Кузмановски кој одигра одличен натпревар. Имавме трпение и тоа е тоа, е кусиот коментар на Шпанецот по триумфот над Црна Гора.

„Црвено-жолтите“ бодрени од преку три илјади македонски навивачи присутни во „Арена Загреб“ покажаа дека саботниот триумф над Словенија не бил случаен. Црногорците немаа доволно сили да им се спротивстават на Кирил Лазаров и неговите соиграчи кои го отворија натпреварот со водство од 2:0 и 4:2.

Следуваше серија на противникот од 4:0 за резултатски пресврт. По највисоките три гола плус за Црна Гора, македонските ракометари заиграа поцврсто во одбраната и успеаја да изедначат во 20.минута на 10:10. Сепак, со предност од еден гол (16:15) за Црна Гора се отиде на пауза.

Со одбрана и напад постепено до 40.минута 19:19. По три минути Македонија се врати во водство преку Дејан Манасков, а во следниот напад Филип Кузмановски зголеми на 21:19. Нашата репрезентација стигна и до плус четири, но дозволи да се влезе во драматичен финиш во кој беше поуспешна.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со пет, Кирил Лазаров и Дејан Манасков со по четири погодоци.

Претходно, во првиот дуел од оваа група, Германија и Словенија одиграа нерешено 25:25.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...