Федерер ќе биде Број еден најмалку еден месец

Новиот тениски Број еден во светот Роџер Федерер ќе остане на првото место на светската ранг-листа минимум еден месец (19 февруари - 18 март).

Швајцарецот кој има 36 години, денеска официјално стана најстариот број еден во историјата. Тој во моментов има 345 поени пред сегашниот лидер на ранг-листата на АТП, Рафаел Надал. Со титулата на турнирот во Ротердам, каде вчера го победи со 6:2, 6:2 Григор Димитров во финалето, Федерер си обезбеди останувањето на врвот барем до завршувањето на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс, каде што треба да ја брани минатогодишната титула.



Во наредните денови Федерер ќе одлучи дали ќе учествува на турнирот во Дубаи, кој започнува на 26 февруари.

Швајцарецот минатата година беше елиминиран во вториот круг во Дубаи и има само 45 поени за бранење. Надал пак треба да брани 300 поени следната недела, откако во 2017 година стигна до финалето на турнирот во Акапулко.

Федерер можеби ќе се обиде да собере максимална бодовна предност пред Шпанецот пред двата „Мастерс“ турнири во март (во Индијан Велс и Мајами), бидејќи Швајцарецот треба да брани цели 2.000 поени по титулите во овие два турнири, додека Надал ќе брани само 690 поени во истиот период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...