Шарапова разочарана поради повлекувањето на Серена од „Ролан Гарос“

Париз, 5 јуни 2018 (МИА) - Русинката Марија Шарапова изјави дека со нетрпение го очекувала натпреварот против Серена Вилијамс на „Ролан Гарос“ и поради тоа е разочарана од откажувањето на нејзината ривалка.

Серена, сепак, се откажа пред дуелот меѓу двете во четвртиот круг од „Грен слем“ турнирот во Париз.

Шарапова се квалификуваше без борба за четвртфиналето.

- Со нетрпение го очекував натпреварот. Разочарана сум дека се повлече. Посакувам брзо заздравување и се надевам дека наскоро ќе се врати, рече кратко Марија Шарапова.

Претходно, Вилијамс на вонредна прес-конференција изјави дека поради големи болки во грбот и рамото мора предвреме да го предаде мечот со Русинката.

- Имам проблеми со мускулот во грбот и за жал состојбата само се влошува. Во овој момент не можам да сервирам и навистина е тешко за мене да играм кога не можам да сервирам. Никогаш не сум почувствувала вакво нешто, многу е болно, објасни некогашната број 1 во светскиот тенис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...