Надал и Федерер се пласираа во четвртфиналето на Индијан Велс

Поранешниот број еден во светскиот тенис, Рафаел Надал продолжува со сигурна игра на првиот за годината турнир од сериите „Мастерс 1000“ во Индијанаполис. Негова жртва беше Србинот Филип Краиновиќ, а средбата меѓу нив траеше околу час и половина.

Во неа Шпанецот победи со 6: 3, 6: 4 и најде место во четвртфиналето. Тој продолжува со страшни перформанси во Калифорнија, откако се уште нема загубено сет, иако не сретна силни ривали на патот досега.

За пласман во полуфиналето во Индијан Велс, Рафа ќе има сериозна пречка оваа година – 12-тиот во шемата, Русинот Карен Хачанов. Тој се справи со Џон Иснер и ја отстрани последната надеж на домаќинот во машкиот дел од турнирот. Како и обично во натпреварите на Американецот, шансите за брејк беа ретки. Единствениот за целиот меч дојде во првиот сет и беше за Хачанов, кој го загарантира неговото освојување.

Вториот беше решен по тај-брејк во кој рускиот тенисер беше бескомпромисен.

Роџер Федерер исто така го продолжува својот пат во Индијан Велс. Швајцарецот триумфираше против 22-иот носител, Кајл Едмунд, кој е и првиот рекет на Велика Британија, со 6:1, 6:4.

Средбата траеше малку повеќе од еден час, а уште од самиот нејзин почеток беше јасно кој ќе биде победникот. Маестро наметна убиствен ритам и лесно го отстрани својот противник.

Во четвртфиналето Швајцарецот ќе се соочи со можеби најголемото и напријатно изненадување на турнирот – Полјакот Хумберт Хуркач. 67-иот во светот забележа уште една изненадувачка победа во Индијан Велс, откако триумфираше на 24-тиот носител, Денис Шаповалов, кој исто така одигра силен турнир.

Двајцата понудија двочасовна битка во која Хуркач излезе како краен победник по 7:6, 2:6, 6:3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...