Парондо: Не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа

Екипата на Вардар во сабота од 19:30 часот го игра реванш осминафиналниот меч со ППД Загреб во Лигата на шампионите во Скопје. На првиот меч во Загреб во саботата, „црвено-црните“ победија со 27-18 и се на чекор од шестиот пласман во четвртфиналето на најпрестижниот ракометен турнир на Стариот континент.



Тренерот на Вардар, Роберто Парондо на денешниот прес пред дуелот изјави дека неговиот тим има одличен резултат од првиот меч, но не смее да има опуштање.

– Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да играат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар, изјави Парондо.

Капитенот на вардарци, Стојанче Стоилов, исто така, најави дека нема да го потценат ривалот.

– Имаме одличен резултат од Загреб и реално е да мислиме дека ја имаме завршено работата. Загреб е квалитетна екипа, но сигурно нема да дојдат тука предадени и ќе се борат да го обелат образот по лошото издание. Важно е за нас да одиграме како што знаеме уште еден добар натпревар, смета Стоилов.

Вардар и ППД Загреб играа меѓу себе два пати сезонава, но во СЕХА лигата. Овој натпревар ќе биде и последна контрола пред заминувањето за Брест каде во вторник и среда треба да се играат мечевите од Ф4 турнирот на регионалното натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...