Федерер го мина Сампрас со 287 недели на врвот

Рожер Федерер додаде нов рекорд во својата колекција во понеделникот кога ја започна 287. недела на првото место на АТП листата. Освојувачот на рекордни 17 грен слем титули се врати на првото место на машкиот тенис по двегодишно отсуство откако го совлада Британецот Енди Мареј во финалето на Вимблдон минатата недела.

Сампрас и Федерер се добри пријатели

Тоа беше седма титула на 30-годишниот Швајцарец на Ол Ингланд Клубот по што се осигура дека ќе го израмни и помине рекордот на американската легенда Пит Сампрас од 286 недели како светски број 1. Со седумте титули тој исто така се израмни со Сампрас и со Вилијам Реншоу со најголем број на титули од Ол Ингланд Клубот.

"Екстремно сум горд и почестен што го поминав рекордот на Пит, бидејќи тој беше мојот херој во детството и секогаш сум го сметал за мој идол. Поставив цел со мојот тим да се вратам на првото место на АТП листата, но со конкурентноста во тенисот во моментов не верував дека ќе бидам толку брз", вели Федерер, кој првпат беше број 1 во февруари 2004 година.

Сампрас освои 14 гренд слем титули во 14 години на АТП турнејата и имаше само пофални зборови за својот добар пријател Федерер.

"Најтешкото нешто да се направи во спортот е способноста да се остане на врвот. Рожер го направи тоа со фантастична игра", вели Американецот.

Сега кога речиси сите важни рекорди во тенисот му припаѓаат на Швајцарецот, во неговата колекција има една голема дупка - олимписко злато во сингл. Федерер беше олимпиец трипати - Сиднеј 2000, Атина 2004 и Пекинг 2008, но негов најдобар пласман е четвртото место во Сиднеј 2000. Во 2008 година тој не успеа да го мине четвртфиналето, каде што загуби од Американецот Џејмс Блејк. Сепак, утехата дојде во златото во двојки со Станислас Вавринка.

Сега, на неговата омилена подлога и на неговиот омилен турнир Вимблдон, тој има шанса да ја поправи и оваа "грешка". Тој веќе е во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...