Македонија ја победи Австрија и обезбеди пласман во вториот круг на ЕП

Македонската ракометна репрезентација ја победи Австрија со 22:21 и се пласира во следната фаза на Европското првенство во Данска. Освен тоа што Македонците го продолжуваат престојот во Данска, тие во вториот круг пренесуваат и бод или два.



Цврстата и агресивна одбрана предводена од одличниот Борко Ристовски кој забележа 20 одбрани меѓу кои и онаа во последните секунди, како и релативно малиот број технички грешки во нападот (вкупно 7) се клучните елементи во првиот целосен успех на Македонија на 11.то ЕП.



Избраниците на селекторот Ивица Обрван во најголемиот дел од првото полувреме го контролираа резултатот. По само осум минути игра поведоа со 4:1 и го принудија селекторот на Австрија да го земе првиот тајм-аут. Набргу потоа следуваше изедначување 6:6, но следуваше серија на нашите ракометари од 3:0 за повторно водство од плус три и втор тајм-аут за Австријците во 23.минута. До крајот на првиот дел Македонија постигна доволно на пауза да отиде со предност од два гола (12:10).



Македонските ракометари ја одржуваа предноста и во првите 10 минути од второто полувреме, но тогаш следуваше кризен период кој траеше од 42-52.минута кога постигнаа само еден, а примија четири голa за резултатски пресврт. Австрија поведе и со два голa разлика по што следуваа два гола на Стојанче Стоилов за влез во неизвесна завршница. Тогаш на сцена стапи капитенот Кире Лазаров кој најпрво реализира седмерец, а потоа од 10 метри го постигна победничкиот погодок.



Токму Лазаров со 8 постигнати голови беше најефикасен во македонскиот состав, Стоилов имаше 4 реализации, Бранко Ангеловски 3.



Вечер од 20 часот и 30 минути во вториот натпревар од 3.коло во оваа група играат Данска – Чешка. Од исходот на овој меч ќе зависи дали Македонија во следната фаза ќе пренесе еден или два бода. На „црвено-жолтите“ им одговара Чешка да не победи против фаворизираниот домаќин.

Табела А група: Данска 4, Македонија 3, Австрија 2, Чешка 1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...