Мојсоски од прв ден на тренинг, но ја пропушта Струга

По пауза од повеќе од шест месеци во тимот се враќа Наумче Мојсоски, неговиот помлад брат не е повеќе дел од Металург

Двата елитни тима на Вардар ги кренаа котвите, а в недела тргнува и „сино-белата“ армада на Металург.

Амбициозниот машки тим и реновираната женска екипа в недела ќе ги почнат подготовките за претстојната сезона во која посебно кај мажите ќе има многу што да се види. Металург годинава одновно ќе игра групна фаза во Лигата на шампионите што меѓу другите одново ќе ги доведе во Скопје мега тимовите Кил и Пари Сен Жермен. Тука се и натпреварите од сè посилната СЕХА лига годинава збогатена со Веспрем за конечно финалето одново да биде пресметката за шампионската титула со Вардар во домашното првенство и националниот Куп.

Металург има реновиран состав, неколку имиња кои лани ги гледавме во сино-бело годинава ќе играат за други екипи. Мијатовиќ, Пецаковски, Кеџо, Мандиќ, Златко Мојсоски.

За тимот од „Автокоманда“ ќе дебитираат Липовина, Кукоски, Ѓукиќ и во исчекување сме на потврда за тоа кој ќе биде новиот играч на линијата.

Сепак, најголемото засилување за Металург во однос на ланската полусезона не доаѓа од друг клуб туку од постојниот играчки кадар.

По повеќе од шест месеци пауза во игра се враќа првата ѕвезда на тимот, Наумче Мојсоски. Тој минатиот декември скина лигаменти на коленото, се оперираше, рехабилитираше и сега одново ќе биде на терен.

„Целосно сум рехабилитиран и почнувам со тренинзи со екипата од прв ден“, вели Мојсоски.

Сепак, паузата беше долга, па враќањето мора да биде внимателно. Од тие причини, најверојатно нема да биде во составот што ќе го брани пехарот на струшкиот турнир.

„Не се работи за тоа дали можам, но мораме да бидеме внимателни. Тоа ќе бидат први натпревари за мене по повеќе од пола година пауза и најмногу поради подлогата сакам да го избегнам тој ризик. Ништо не е дефинитивно решено, но најверојатно ќе го пропуштам турнирот во Струга“, вели централниот бек на Металург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...