Младите во Вардаровиот фокус

ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар СЦБТ влегуваат во сериозен проект, кој значи мобилизација на сите спортски кадри за фудбал и ракомет со цел отворањето центри за младински категории низ Македонија. На вчерашната прес-конференција првите луѓе на клубовите Давор Стојановски, директор на РК Вардар, Гордана Нацева, претседател на ЖРК Вардар, Татјана Медвед, координатор на младинските категории на РК Вардар, Самоил Симев, извршен директор на ФК Вардар и Горан Митев, директор на младинските категории на ФК Вардар, ја презентираа оперативната програма за развој на младинските категории. Целта е создавање здрави навики и градење спортисти кои ќе прераснат во иднината на македонскиот фудбал и ракомет. Визијата при создавањето на овој проект е ракометот и фудбалот да станат достапни за сите, особено за децата.

„Фактот дека ракометните клубови на Вардар ги живеат најблескавите моменти во клупската историја, не само резултатски туку и организациски, овозможуваат да влеземе во еден проект каде квалитетните единки во спортот ќе се обединат и ќе работиме според критериумите на големите спортски клубови, кои ни стојат како репер. Колку базата е поголема, толку врвот е подостижен. Со овој проект сакаме да покажеме дека Вардар бил и ќе биде повеќе од клуб. Тоа е македонски бренд и вистински претставник и амбасадор на нашата држава“, истакна Гордана Нацева.

„Ова е нов процес на градење на македонските стандарди. Со ова сакаме да ги побиеме демагогиите на тимот од Автокоманда, за тоа колку и како Вардар дава за македонската ракометна иднина. Колку за потсетување, токму тие ги купија сите Вардарови домашни играчи во времето кога клубот немаше финансиска стабилност. Лани имавме ист број на странски играчи, по осум. Единствено што бараме оваа година е фер и спортски однос и од двете страни, каде секој ќе си работи во доменот на своите стратегии“, истакна директорот на РК Вардар, Давор Стојановски.

Сите заинтересирани спортски тренери (фудбал/ракомет) кои би сакале да бидат дел од проектот за отворањето на центри за младински категории низ Македонија од 3 до 15 август може да аплицираат на меил адресите кои ќе бидат објавени на трите клупски сајтови



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...