Шампионот во Сеха лигата, тимт на Вардар синоќа во салата Кале во Скопје, издвојува убедлива победа врз хрватскиот вице-шампион Нексе со конечен резултат 32-21.
Победата над Нексе беше тест за Вардар пред овонеделниот натпревар од првото коло на Лигата на шампионите против тимот на Целје. Најефективен во тимот на Раул Гонзалес беше Сергеј Горбок со 5 гола, додека пак голманот Страхиња Милиќ запиша 16 одбрани.
По натпреварот против Нексе, Вардар се наоѓа на втората позиција на табелата со 12 поени од 5 одиграни натпревари, а како беше прославена победата во Кале со фановите?
Погледнете.