Вознијацки го доби „маратонот“ со Шарапова

Каролине Вознијацки ги наруши шансите на Марија Шарапова да ја заврши сезоната како светска тенисерка број 1, победувајќи ја Русинката со 7:6(4)/6:7(5)/6:2 во маратонското отворање на „Белата група“ на ВТА финалето во Сингапур.

Данката го обезбеди последното место на турнирот на најдобрите 8 во 2014, и тоа само поради повлекувањето од спортот на Кинеската Ли На, но светската тенисерка број 2 Шарапова изгледаше како понискорангирана тенисерка во Сингапур со дури 76 неизнудени грешки. Шампионката од Ролан Гарос исто така имаше и 15 двојни сервис грешки за да загуби седум брејка.

Вознијацки потоа призна дека во мечот од 3 часа и 13 минути ѝ помогнал тренингот за маратонот во Њујорк.

„Мислам дека Марија е навистина позната по тоа што е многу цврста тенисерка, посебно во третиот сет. Но, сега со целиот тренинг за маратонот и јас не се заморувам бргу. Се чувствував добро на теренот, но не им би препорачала на моите ривалки да тренираат за маратон. Навистина е напорно“, вели Вознијацки.

Поразот може да ја чини Шарапова обид да го преземе првото место на ВТА листата од пријателката на Вознијацки, Серена Вилијамс. На Русинката сега ѝ е потребно да не загуби ниту еден меч на турнирот.

Агњешка Радвањска имаше речиси совршен меч за да стигне до важна победа во првиот меч на ВТА финалето во Сингапур, откако со 6:2/6:3 ја победи шампионката од Вимблдон, Петра Квитова. Радвањска го заврши мечот за 1 час и 29 минути, со 13 директни победнички топки и само 9 неизнудени грешки (речиси една по гем). Од другата страна Чехинката Квитова заврши со многу негативен скор - 26 директни победнички топки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...