Падот на Черваровата империја

Неделава ситуацијата во таборот на македонскиот ракометен првак Металург треба да добие некаква разврска. Нешто, што и да е, ќе мора да се случи затоа што в недела екипата треба да биде во Логроњо, на натпревар од шестото коло од Лигата на шампионите.

Дали таму ќе патува без тренер или без ракометари?

Лигата на шампионите е натпреварување во кое нема толеранција и неоправдано непојавување на натпревар влече огромни казни кои можат да се однесуваат не само на Металург туку и на другите клубови. До петок ситуацијата ќе мора да има разрешница, но во моментов сè уште браните на двата табора се цврсти и високи и разрешница на повидок нема.

ИМА ЛИ НАДЕЖ?

Единственото што дава надеж дека нешто може да се среди е една реченица во последното јавно обраќање на ракометарите, во писмото во кое се вели:

„Сè уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, а со цел да се надминат проблемите“.

Тоа е последната реченица од соопштението и последниот зрак на надеж дека не е сè готово.

Но, како да се реши нешто со дијалог кога неговото отсуство и беше генератор на многу проблеми досега?

Иако има уште многу сите проблемчиња кои доведоа да се случува ова што се случува, кога ќе ги поништиме сите „нули“, ситуацијата во Металург би ја свеле на два суштински проблема.

Немањето пари е под број еден. Ракометарите немаат земено плата од крајот на ланската сезона, новодојдените или барем дел од нив немаат земено ништо.

Новата стратегија на клубот, која на хартија изгледа добро, но на дело не е таква.

ТРЕТА „МАЈКА“

Многумина можеби не знаат, но ова не е првпат играчите да се побунат или поблаго кажано да реагираат против тренерот Лино Червар. Првиот пат беше по неуспешните квалификации за Лигата на шампионите во Порто, вториот по загубената титула во „Кале“.

Не беа екстремни случаи како сегашниот. Во два наврата Минчо Јорданов со целиот авторитет застана зад Лино Червар, а ракометарите ретерираа. Можеби овде треба да напоменеме дека и по двата наврата следеа поголеми играчки промени во клубот, иако тоа беше некаков логичен след на настаните.

Што е тоа што третиот пат направи ситуацијата да ескалира?

Кога се нема пари, секој проблем е двојно поголем и потежок за решавање. Овој пат дел од играчите почувствуваа и дека нивната кариера е доведена во прашање.

ДОБРА ИДЕЈА, ЛОША РЕАЛИЗАЦИЈА

Металург годинава одлучи поголема шанса да даде на помладите ракометари, меѓу нив има и два македонски потенцијали, Нелоски и Талески. На прес-конференцијата пред почетокот на сезоната Червар изјави дека ќе се направи симбиоза, дека тоа ќе биде комбинација на стари и млади играчи.

Против таа идеја никој не се побуни. Не ни има зошто. Металург се бори на два тешки фронта.

СЕХА лига е силно натпреварување погодно за создавање играчи, но и Лига со вистински предизвици. Иако Металург од самиот старт на проектот потенцира дека нив тоа им е секундарно натпреварување. И поради тоа никој од нив ниту бара ниту чека резултати во СЕХА, иако имаат тим за фајнал фор.

Но, Лигата на шампионите не може да биде поистоветена со СЕХА, на крајот на краиштата, тоа е натпреварувањето кое го прослави клубот и им носи, односно носеше 7.000 гледачи на трибини. Годинава Металург има подобар тим од лани и послаба група од лани. Па, сепак, лани во овој период имаше 7 бода и обезбеден Топ 16, а сега има нула и на пат е да се распадне. Нешто во реализацијата на планот не отиде како што треба.

Самите подготовки покажаа дека ќе се случува нешто друго, а не тоа што го слушавме на прес-конференциите. Станиќ, Мојсоски, Вугринец, Димовски, Велко Маркоски речиси не ги гледавме на терен. Тимот има само една победа вредна да се спомене, над Вардар на турнирот во Струга. По тоа заредија порази, шест по ред. Македонските репрезентативци на два месеца пред старт на СП, кое е последна шанса на генерацијата да направи голем резултат, се надвор од форма. Видовме колку беа тешки во Злин. Претходно, реагираше и РФМ. Ситуацијата малку се подобри, но суштински не се измени.

А седење на клупа во Металург добро знаеме што значи. Без разлика дали се работи за македонски репрезентативец или странско засилување. Го знаеме тоа преку примерите за Мите Стоилов, Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Златко Мојсоски, преку Кеџо, Мандиќ, Топиќ итн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...