„Металурзите“ со трансфери за кои и тие не знаат

Уште не успеаја да се оладат репрезентативните дресови на ракометарите, а со нивното враќање на македонско тло тргна и лавината шпекулации и предвидувања за клупската иднина на играчите кои се дел од македонскиот првак Металург.

Трансферите на речиси комплетната стартна постава на тимот од Автокоманда се најавени, па така Ренато Вугринец е нов играч на катарска Лахвија, Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски заминуваат за Емиратите, додека Дејан Манасков треба да биде промовиран во ракометар на ПСЖ, а постои можност во француската лига да има друштво и од Гоце Георгиевски.

„Македонски спорт“ ги контактираше ракометарите, а реакциите, едногласно, им беа изненадување од таквите шпекулации, со оглед на тоа дека тие уште не се преориентирани од репрезентативните случувања, на клупски план.

Така на прашањето дали е во преговори со францускиот клуб, Дејан Манасков вели: „Ниту ми се јавил некој, ниту сум во преговори. И јас сега првпат слушам за таков трансфер“.

Слична е реакцијата и на Ренато Вугринец, за кого веќе сите и домашни и странски медиуми најавуваат петмесечна соработка со Лахвија.

„Немам договор со Лахвија. Шпекулации, лаги“ – е кусиот демант кој го добивме од искусниот десен бек на Металург.

Слични се реакциите и на другите ракометари кои се најдоа засегнати од овој муабет.

НЕИЗВЕСНОСТА ОСТАНУВА

Секако главната причина за овие шпекулации доаѓа од неизвесноста која и понатаму кружи околу иднината на македонскиот првак Металург. Додека репрезентативците мислеа на обврските во националниот тим на СП во Катар, делот од екипата, кој беше во Скопје работеше со вториот тим, под водство на Александар Јовиќ, додека стратегот Лино Червар, целата ситуација ја набљудува од домашни услови во Загреб, во исчекување на информација од првиот човек на клубот Минчо Јорданов.

Со оглед на тоа дека мундијалскиот настап на селекцијата заврши повеќе од јасно е дека како топ-тема на ракометната сцена во Македонија се враќа судбината на Металург и клупската иднина на нашите репрезентативци.

Атмосферата се чини како „затишје пред бура“ со оглед на тоа дека никој ништо не знае, а и најскромните одговори се во рамките на претпоставка или шпекулација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...