По нова радост во Љубљана

Со едногласен и дециден став вардарки заминуваат на ова гостување – победа и два бода

Попладнево со директен лет за Љубљана македонскиот првак ЖРК Вардар заминува за Словенија, каде ќе го одигра последниот натпревар на гостински терен во главната фаза од Лигата на шампионите. Словенечкиот првак Крим, за кого настапува и македонската интернационалка Мирјета Бајрамоска, го очекува в петок, 19 часот, со арената Стожице, во претпоследното коло од втората рунда во најквалитетното европско клупско натпреварување.

За Вардар петочниот дуел има и тоа како големо значење, со оглед дека двата бода се исклучително важни за да се остане во игра за четвртфиналето. Крим, пак, е на последното место од групата еден и нема ниту теоретски шанси да се најде во продолжението, па од таму единствено што може во преостанатите две кола е да ги „замрси“ сметките на екипите кои се надеваат на место меѓу најдобрите осум во Европа.

„Црвено-црните“ дами се едногласни и децидни, дека немаат друг избор освен победа и два бода. Одличната игра над Лајпциг, како и фактот дека имаа фантастично издание против словенечкиот првак во првото меѓусебно соочување во Скопје им дава самодоверба и оптимизам во пресрет на ова гостување.

КРИМ ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА

Ако се земе предвид дека за ракометарките на Крим ова е последен натпревар пред домашната публика во Лигата на шампионите сезонава, несомнено е дека ќе се обидат да приредат сензација, како што тоа претходно им успеа против Динамо Синара во Волгоград.

„Се наоѓаме во еден интересен период, каде екипата се гради, се обидува брзо да се адаптира на промените и со сето тоа станува сè посилна. Тоа е цената која се плаќа кога се гради нов тим од почеток, и тоа преку учеството во Лигата на шампионите“ – ја коментира актуелната ситуација во клубот на пресот пред мечот, тренерот на Крим, Марта Бон, и додава:

„Против Вардар ќе се обидеме да направиме уште еден трик, како што тоа беше случај во Волгоград против Динамо. Факт е дека Вардар е фаворит и има посилен и поискусен состав од нас, но ако ја поставиме играта поинаку, може да приредиме некое изненадување. Ќе се обидеме повеќе да разигруваме преку средните бекови. Многу анализиравме, знаеме во каква ситуација се наоѓаме, но тоа не значи и однапред да се предадеме“.

Како загревање за мечот со Вардар Крим го имаше натпреварот од домашното првенство против Копер, кој го доби со убедливи 33:16 (20:6). Бајрамоска, која е прв стрелец на словенечкиот првак во ЛШ реализираше само два гола.

ПОЛОШО НЕ МОЖЕ

Кружниот напаѓач на Крим, Сања Грегорц, смета дека на натпреварот во Скопје тимот го одигра најслабиот меч во ЛШ сезонава и дека полошо од тоа не може да одиграат.

„Она што го покажавме во Скопје мислам дека не може да се повтори, не може полошо. Вардар е фаворит, но ние играме пред нашата публика и најважно е да се бориме и да не се предаваме, мора да се покажеме во најдобро светло, во последниот меч дома“ – вели Грегорц.

Крим на утрешниот натпревар во составот нема да ја има Французинката Алисон Пино, која спогодбено го раскина договорот и замина од тимот, но затоа се враќа десниот бек Лара Хрнчич, која се рехабилитираше од повредата.

СИТЕ НА БРОЈ

Индира Кастратовиќ на гостувањето во Љубљана ќе ги има на располагање сите ракометарки. Откако минатата седмица по пауза од четири месеци во игра се врати Татјана Хмирова, деновиве и Андреа Лекиќ ги надмина проблемите со вирозата, па тимот во најсилен состав ќе патува за Словенија.

Екипата попладнево (околу 17:30) треба да пристигне во Љубљана, а вечерва да одработи тренинг во арената „Стожице“ каде утре ќе се соочи со Крим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...