Вардарова глазура за Ф4

Вардаровите дами од вчера се домаќини на францускиот клуб Флери, кој до крајот на оваа недела ќе биде нивни спаринг партнер во последната фаза од подготовките за Ф4 турнирот во Будимпешта од Лигата на шампионите.



Ако во почетокот на сезоната пријателските натпревари беа главен проблем за „црвено-црните“ дами, сега кога е најпотребно, тие се плански поставени, сè со една цел да се направи финалната глазура на формата и најдоброто да се покаже на финалниот турнир во најсилното европско клупско натпреварување.

Тренерскиот тандем Индира Кастратовиќ и Јан Питлик можат да бидат мирни пред сè затоа што на располагање ги имаат сите ракометарки, па дури и повредената Бегоња Фернандез, која доби зелено светло со полн интензитет да влезе во тренажен процес.

Вардарки вчера го одработија првиот тренинг со Флери, а веќе вечерва ќе го имаат и првиот контролен натпревар, кој ќе биде затворен за публиката.

Тактичките воигрувања и формулата со која треба да се запре Будуќност противникот во полуфиналето на Ф4 веќе се „крчка“, а стручниот штаб е максимално посветен на поставување на игра, која ќе соодветствува со нивната група игра.

И Кастратовиќ и ракометарките беа децидни во ставот дека оваа година се поподготвени, поискусни и дека ќе дадат сè од себе за да го направат чекорот што не успеаја минатата сезона.



„Сите прашуваат за грубата игра на Будуќност. Знаеме како поминавме минатата година со нив и мислам дека оваа сезона сме поподготвени, посилни, втора година играме Ф4. Имаме доста време да се подготвиме и за Будуќност и за другите екипи и да отидеме чекор подалеку, а тоа е пласман во финале“, вели Вардаровиот стратег.

Официјалната пријателска средба меѓу Вардар и Флери, кој ќе биде отворен за јавноста е закажан за в недела (19:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...