Свечен пречек за македонските кошаркари и прослава на плоштадот во Скопје

Агенцијата за млади и спорт, Кошаркарската федерација и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), утре на аеродромот „Александар Велики“ организираат свечен пречек на македонската кошаркарска репрезентација по постигнатиот успех на Европското првенство во Литванија, и прослава на плоштадот „Македонија“.

Дваесет двокатни автобуси утре во девет часот од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бесплатно ќе ги превезат заинтерсираните граѓани до скопскиот аеродром, каде во 11 часот и 30 минути треба да притигнат кошаркарите со чартер-лет, информираа организаторите денеска на прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт.

По пречекот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе го предводат конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Ќе застанат на два пункта, во 12:30 часот кај ТЦ „Бисер“, каде ќе ги пречека градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и околу 13 часот кај Народна банка на РМ, при што граѓаните ќе можат да ги поздрават и да им честитаат за успехот.

Централната прослава на големиот успех ќе биде во 13 часот и 30 минути на плоштадот, на која ќе и претходи симболично минување на репрезентативците низ портата „Македонија“.

- Портата која треба да ги слави новите победи во независна Македонија утре ќе го слави спортскиот успех, истакна режисерот Дејан Пројкоски, кој ја осмисли програмата за прославата.

Кошаркарите први ќе ги поздрават младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следува едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пејачи од македонската естрада и изведби на навивачките химни и песни, видеопрезентација на најдобрите спротски моменти на репрезентацијата на ЕП во Литванија... Прославата треба да заврши во 14 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...