Фенер реди победи, Перо се повреди

Фенербахче ја совлада Цедевита со 86:73. Антиќ беше во почетната петорка, даде 8 поени, сите во првото полувреме, но на пет минути до крајот на средбата почувствува болка во ногата и веќе не се врати на терен.

И загрепска Цедевита се запиша на списокот на екипи кои беа надиграни од Фенербахче во Топ 16 фазата од Евролигата, но истанбулскиот тим можеби и скапо ќе ја плати оваа тешка победа која беше извојувана благодарение на добрата игра во последната четвртина. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше во почетната петорка на Фенербахче, даде 8 поени, сите во првото полувреме, но на пет минути до крајот на средбата почувствува болка во ногата и веќе не се врати на терен. Во финишот на мечот се повреди и Гркот Костас Слукас. Ако повредите на Антиќ и Слукас се сериозни, тоа може да биде голем проблем за клубот кој има амбиција да стане првиот турски што ја освоил Евролигата. Поранешниот капитен на македонскиот национален тим играше 23 минути, а покрај осумте поени, имаше и два скока. Фенербахче е единствениот тим во Топ 16 кој нема пораз и се наоѓа на добар пат да влезе во четвртфинале и како првопласиран од групата да ја има предноста на домашниот терен во нокаут фазата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...