Македонските кошаркари на контролни натпревари со Словенија

Македонската кошаркарска репрезентација само два дена по завршувањето на турнирот „Трофеј Македонија“, продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките на подготовките за настап на квалификациите за пласман на Евробаскетот 2017. „Црвено-жолтите“ од денес до четврток на гости во Марибор ќе одиграат три пријателски средби (две отворени и еден затворен меч за јавноста) против репрезентацијата на Словенија.

Селекторот Драган Раца на располагање ќе ги има сите 13 кошаркари кои повеќе од еден месец се на подготовки. Тоа значи дека на дуелите со Словенија ќе настапи и нашиот највисок кошаркар Марко Дујковиќ (226 см.) кој поради дисторзија на скочниот зглоб ги пропушти дуелите на Трофејот Македонија.



Првиот меч против Словенија нашиот национален тим ќе го одигра вечерва од 21 часот во салата Табор во Марибор.

Утре македонските кошаркари ќе одработат и еден тренинг претпладне, а вечерта од 19 часот ќе одиграат и затворен меч за јавност против домашната селекција на Словенија.

Во среда Македонија и Словенија ќе одиграат уште еден пријателски натпревар од 21 часот, кој директно ќе биде пренесуван на националната телевизија на Словенија.

За македонските кошаркари дуелите со Словенија ќе бидат последните контролни средби пред стартниот натпревар против Луксембург во квалификациите за пласман на Европското првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...