Само 15 Македонци играат во АБА лигата

Според достапните информации (официјалната страница на АБА лигата), направена е и една анализа околу тоа колку играчи кои настапуваат за клубовите во регионалната лига даваат пооделните земји кои имаат свои претставници во истата.

На самиот врв се наоѓа Србија, која има најмногу претставници кога се во прашање тимовите, вкупно четири. Но дури и кога таа бојка на клубови од четири се намали на три, и понатаму бројот на српски играчи во лигата би бил најголем. На првите две места на првенствената табела се наоѓаат Црвена Звезда и Партизан, чија „основа“ ја чинат токму домашните играчи.

На второ место, според бројноста, се наоѓаат играчите кои потекнуваат од Хрватска, што исто така е логично затоа што Хрватска е на второто место според бројот на клубови-учесници – имаат три претставници кои се натпреваруваат во лигата на Јадранот.

Кога се зборува за хрватските тимови во АБА секако треба да се истакне екипата на Задар, кој во најголемиот дел од сезоната имаше само еден странски кошаркар во своите редови – Србинот Иван Маринковиќ.

Интересно е што на третото место се наоѓаат играчите кои доаѓаат од САД. Секако, добро е познато што Американците претставуваат во светот на кошарката. Но нивните претставници се пред играчите на Словенија и на Црна Гора, а тие две земји-федерации имаат по два тима во оваа лига.

Моментално, бројот на американските кошаркари во АБА лигата е 26. Тоа би значело дека секој тим има скоро по двајца Американци во своите играчки ростери (статистички по 1.8 по екипа).

Последично гледано, ниту најдобрите тимови во ова друштво не можат без нив. Па така на пример, во Црвена Звезда игра Чарлс Џенкинс, во Цедевита Рајан Боутрајт, во Будуќност еден Маркус Вилијамс, а во Партизан Вил Хечер.

Најмалку претставници кога се во прашање земјите кои имаат клуб или клубови во АБА лигата дава Босна и Херцеговина – само девет. Интересно е дека во лигата играат и двајца Холанѓани (Шарлон Клоф од МЗТ Скопје и Јаник Франке во Задар), како и двајца играчи со потекло од Канада.

Во оној комплетен аналитички извештај се гледа дека во оваа конкуренција скоро и да нема играчи од реномираните кошаркарски земји како Италија, Шпанија, па и Литванија, што секако е добар показател за финансиската моќ, односно немоќ на клубовите кои играат во АБА лигата.

Како стојат работите на нешто повеќе од половина одиграни кола (19) во Лигата на Јадранот?

Во АБА лигата играат кошаркари од вкупно 17 земји, во најголем дел од Европа, плус и САД. Од нив 63 се од Србија, 41 од Хрватска, а како што беше наведено 26 од Америка.

Македонија се наоѓа на шестата позиција во овој поредок затоа што дава вкупно 15. кошаркари, кои официјално се заведени во лигата. Од нив седум се „со потекло“ од МЗТ Скопје, а исто толку од екипата на Карпош Соколи.

Кај „металците“, на листата се наоѓаат Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, како и младите надежи Леонид Тодоровски, Андреј Настовски и Мартин Милевски.

Од друга страна пак, дел од „соколи“ во оваа сезона се Дамјан Јакимовски, Андреј Атанасов, Дарко Соколов, Игор Пенов, Иван Сапунџиев, Бојан Трајковски и Филип Бакоч.

Последниот, 15. Македонец во АБА конкуренцијата од пред некој ден стана Предраг Самарџиски, кој потпиша договор со екипата на Мега Лекс

Од „странците“, има и по еден играч од Финска, од Данска, Германија Франција, Бугарија, Австралија, и најинтересниот лик, од Брегот на Слоновата коска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...