Џордан Теодор пристигна во Скопје

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков од денес ќе може да смета на натурализираниот Македонец Џордан Теодор кој претпладнево пристигна во Скопје.

- Џордан Теодор е во Скопје! Сениорската репрезентација е комплетирана!, објави Македонската кошаркарска федерација преку својот Фејсбук профил.

27-годишниот Теодор е играч на Банвит и беше прогласен за најкорисен играч изминатата сезона во ФИБА Лигата на шампионите на ФИБА. Се очекува да биде од голема помош за Македонија во преквалификациите за СП против Естонија и Косово.

Репрезентативците се наоѓаат во Маврово каде до крајот на тековната недела ќе ги одработуваат „висинските“ подготовки. По пет дена во Маврово, македонската репрезентација на 8 јули треба да замине за Словачка каде ќе одигра пријателски двомеч со домашната селекција. Потоа следи натпревар во Скопје против соодветната селекција на Бугарија, неколку дена пред почетокот на традиционалниот турнир кој се одржува в Скопје, „Трофеј Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...