Јуниорите во победнички ритам

Македонската селекција за кошаркари до 18 години, со изненадувачки високата победа над Швајцарија од 84:61, обезбеди место во разигрувањето за 9-16 место на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Талин, Естонија. После првите два порази, сега Македонија врза две победи по ред и избегна битка за опстанок во Б дивизија.

Македонија со одлична игра во второто полувреме, убедливо ги победи швајцарските јуниори, најверојатно доволно за освојување на третото место во групата, бидејќи „црвено-жолтите“ се најдобри во групата од три тима кои првиот дел од шампионатот би требало да го завршат со биланс 2-3, доколку не се случи некоја сензација во последната рунда, закажана за утре. Загубивме со четири поени разлика од Данска, Данците пак минимално со 53:54 беа поразени од Швајцарија, па затоа денеска на нашите им требаше победа од барем 5 поени разлика за да бидеме најдобри во тој круг од три селекции.

Најистакнати во тимот на селекторот Ѓорѓи Кочов беа Дамјан Крстевски (22 поени и 14 скока), Андреј Јордановски (17 поени и 6 асистенции), Лука Стојановски (18 поени и 5 скока) и Павле Михајлоски (13 поени и 4 скока).

Утре од 17.15 часот, Македонија се среќава со домаќинот Естонија, кој засега не знае за пораз и во втората фаза продолжува во битка за влез во А дивизија. Потоа следува еден слободен ден, па разигрување за 9-16 место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...