Македонските кошаркари загубија од Естонија во претквалификациите за СП

Скопје, 6 август 2017 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на домашен терен загуби од Естонија со 80:76 (17:29; 26:13; 20:19 и 17:15) и по вториот пораз во групата е се подалеку од пласман во следната фаза во ова натпреварување. По двата пораза од Косово и од Естонија ривалите од групата се во подобра позиција за освојување на едно од првите две места.

Самиот натпревар Македонија го почна добро и првата четвртина ја доби со 29:17. Во тој дел од натпреварот доминираше нашиот капитен Војдан Стојановски, но во продолжението противникот најде против игра за нашиот напад и избраниците на селекторот Јорданчо Давитков се потешко постигнуваа поени. За разлика од нас Естонија почна да погодува „тројки“ во мини серии и водството на Македонија „се стопи“ веќе на полувремето и Естонија поведе со 43:42.

Во вториот дел се играше резултатски неизвесно, се до моментот кога гостите во финишот „се одлепија“ на седум разлика и ја најавија победата. Една од причините за поразот се и 15-те промашени слободни фрлања на нашите кошаркари, како и добрата реализација за три поени на Естонија (13 тројки).

Најефикасни на натпреварот беа Војдан Стојановски од Македонија и Раин Веидеман од Естонија, двајцата постигнаа по 26 поени.

Во групата Ц Естонија и Косово имаат по една победа, Македонија е трета со два пораза. Во следното коло нашата репрезентација е слободна, а во Талин ќе играат Естонија и Косово, додека Македонија следниот дуел го игра на 12 август на домашен терен против Косово



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...