Се продолжува регуларната сезона во НБА

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, на сите клубови од најсилната лига на светот им испрати предлог за начинот со кој ќе има измени во календарот, со цел играчите да имаат повеќе денови за одмор.

„Се согласуваме дека со продолжување на сезоната за некоја недела, ќе се елиминираат ситуациите кога еден тим игра четири натпревари за пет дена. Тоа беше најголемиот проблем во последниве години. Клубовите повеќе се грижат за тоа отколку за тоа кога треба да играат два дена едноподруго“, изјави неодамна комесарот Силвер.

Во предлог-календарот, ставени се нови мерки што треба да се преземат за исполнување на желбата на тимовите.

Предлозите се: да нема играње четири меча за пет дена и да нема играње 18 меча во текот на 30 дена; кога еден тим ќе оди на пат, да не гостува само еднаш (гостувањата кај само еден ривал ќе се намалат за 17 проценти); кога ќе треба да патува повеќе од 2.000 милји, еден тим да игра само со еден противник по тоа патување; вкупно 40-те меча ден за ден да бидат исфрлени. Така, секој тим ќе има просек од 14,9 меча два дена по ред, наместо досегашните 16,3. Исто така, бројот од пет меча за седум дена ќе се намали од 90 на 40 и ќе се зголеми бројот на мечеви што се играат во викендите. Во минатата сезона, во саботите и во неделите се играа вкупно 549 средби, а се предлага нивниот број во следната сезона да биде 568.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...