Македонските кошаркари отпатуваа за Талин

Кошаркарската репрезентација на Македонија утринава отпатува за Талин, каде утре против Естонија ќе го одигра последниот натпревар во претквалификациите за Светското првенство 2019 година.

По победата над Косово (87:74) Македонија ги задржа шансите за освојување на едно од двете места кои водат во следната рунда од квалификациите.

Но, за избраниците на селекторот Давитков работата се уште не е завршена. Доколку сакаат да минат во следната рунда тие ќе мора да забележат победа против Естонија. Во спротивни ќе мора да го чекаат исходот од последниот меч во кој Косово на домашен терен ќе игра против Естонија, а во кој нашите кошаркари ќе очекуваат победа на Естонците, бидејќи само на тој начин би завршиле пред селекцијата на Косово.

- Најмалку шест пати го гледав дуелот со Естонија во Скопје, кој ако победивме оценките ќе беа дури и дека сме играле добро. Тие се шутерска селекција. Шутираат речиси од секоја позиција, и многу ретко се решаваат да нападнат во рекетот под кошот. Ќе се обидеме и таму да ги сопреме нивните шутери. Факт е дека досега ние не сме имале натпревар со шут од 40% за тројка и со десетина и повеќе погодени удари од оваа позиција. Се надевам дека конечно ќе ни се насмевне среќата и дека конечно ќе проработи и нашето најсилно оружје во нападот, изјави селекторот Давитков.

Во составот е и искусниот Диме Тсовски кој на средбата против Косово заработи повреда на потколеницата, а го прескокна и синоќешниот тренинг. Сепак, Тасовски ќе биде дел од тимот, кој вечерва ќе го одработи и единствениот тренинг пред утрешниот меч.

Дуелот Естонија – Македонија кој ќе се игра утре ќе започне од 17 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...