Угринов и Милојевиќ на Босфорот

Станува помалку и традиционално. Секое големо европско натпреварување не може да помине без присуство на Македонија. За жал, овојпат не и во оној колективен дел, но сепак...

Ќе имаме свои претставници и на овој Евробаскет кој запопшнува денеска, во четири градови во Европа.

Центарот на нашето внимание сепак ќе биде Истанбул, или градот на Босфорот, каде ќе се игра „Д“ прелиминарната група од Европското првенство.

На теренот, но во својство на судија, ќе го имаме Александар Милојевиќ, додека покрај него, на записничката маса, за регуларноста на мечевите, оние 15 во првиот круг е задолжен нашиот ФИБА делегат, Антонио Угринов.

Ова ќе биде и првата ваква „слика“, Македонија да има на едно вакво место, двајца свои официјални претставници.

Милојевиќ е четвртти пат присутен на вакви собири, додека за Угринов ова е прва ваква номинација во сениорскиот сегмент на европската репрезентативна кошарка.

Во секој случај постои големо задоволство, не е мала работа да дојдеш до еден таков стадиум , да се биде дел од најдобрите, не само играчи, туку говорам и за оние официјални лица присутни на кошаркарскиот евро-самит кој и оваа година се одржува во четири земји"- коментира Угринов за привилегијата која му ја даде ФИБА.

„Битно е дека ние 'сме тука', што се вели не има, присутни сме во Европа, на ваков или онаков начин. Би сакал и некој друг да биде во оваа улога, но со нашата репрезентација како активен чинител на ЕП. Се надевам дека ќе го дочекаме и тој момент"- дополнува македонскиот репрезент на најголемиот кошаркарски настан во Европа за 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...