Екипата на Сакраменто Кингс направи изненадување ноќеска со победата на гостински терен против НБА шампионот Голден Стејт (110:106).
Гостите до победата дојдоа по серијата од 8:0 во последните три минути.
Најефикасен кај Сакраменто беше Вили Стејт со 19 поени, 8 скока и 6 асистенции, Џорџ Хил имаше 16 поени.
Клеј Томпсон имаше 21 поен и 5 скока во поразениот тим.
Голден Стејт Вориорси на овој меч настапи без двајцата најдобри играчи Кевин Дурент и Стеф Кари.
Со биланс од 15 победи и шест порази Вориорс се втори во пласманот на Западната конференција, Сакраменто се при самото дно со шест победи и 14 порази.