Шарлот го победи Мемфис со 61 поен разлика

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс оваа година нема да учествуваат во плеј-офот на НБА, но изминатава ноќ тимот запиша импресивна победа, откако го победија Мемфис со 140:79.

Победата остварена со 61 поен разлика е шестата најголема во историјата, а број 1 е поразот на Кливленд против Мајами со 68 поени во 1991 година.

- Ова не се гледа секој ден. Игравме добро и иако за противникот не настапија главните играчи, излеговме и си ја завршивме работата, изјави Кемба Вокер, кој постигна 46 поени за 28 минути.

Тоа е рекорден успех во историјата на тимот, а најголемата победа досега од 136:84 (52 поени) ја остварија против Филаделфија во февруари 1992 година.

Шарлот беа прецизни во 53 отсто од шут од игра, постигнаа 19 тројки, а покрај Вокер, уште пет играчи завршија со двоцифрен број на поени.

Останатите резултати од НБА:

Орландо - Филаделфија 98:118

Њу Орлеанс - Л.А. Лејкерс 128:125

Хјустон - Детроит 100:96

Далас - Јута 112:119

Сакраменто - Атланта 105:90.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...