Стојановски: Ќе сториме се за да го вратиме МЗТ таму каде што припаѓа

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски, денеска и официјално го стави потписот на договорот со МЗТ Скопје Аеродром, со кој се обврза дека најмалку уште две сезони ќе биде дел од „сино-белите“.



- МЗТ Скопје Аеродром е мојот клуб, веќе не ни паметам дека имам играно во друга средина и затоа останав. Се уште ми е тешко што во минатиот шампионат не одигравме на потребното ниво и не ги остваривме очекувањата на навивачите како во АБА така и во македонското првенство. Токму таа желба да дадам се од себе да се подобри впечатокот и да се покаже дека тоа што се случи во изминативе месеци не беше реална слика на МЗТ Скопје Аеродром беше клучна што останувам, изјави Стојановски за клупскиот сајт на МЗТ.

Дамјан верува во визијата на тренерот Ѓорѓи Кочов и е сигурен дека во новата сезона ќе се влезе со квалитетен тим, чија главна карактеристика ќе биде борбеноста и големата желба за успех.

- Без пожртвуваност нема ништо и сигурен сум дека во новото првенство ќе влеземе со тим кој ќе може да го врати клубот она каде што припаѓа, а тоа е во самиот врв на македонската кошарка, но и во елитата во јадранската конкуренција. Ќе биде тешко и напорно, но јас сум подготвен за предизвикот, а верувам истото ќе го мислат и сите останати кои ќе се најдат во ростерот на Кочов. Мора да ја градиме добрата атмосфера уште од самиот почеток, бидејќи без тоа нема да може да дојдеме до посакуваната цел.

Покрај Стојановски досега сигурни за следната сезона се Љубомир Младеновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и Андрија Бојиќ, како и новоангажираниот Американец, Лестер Медфорд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...