Назор: Лицемерно е да кажам дека против МЗТ Скопје очекувам било што друго освен победа

Тренерот на Задар, Анте Назор, е голем оптимист пред денешниот натпревар со МЗТ Скопје Аеродром, во баражот за место во регионалната кошаркарска АБА лига.



Назор кој во минатото ги предводеше „сино-белите“ до шампионски трофеј во македонското првенство, смета дека Задар има поквалитетен тим и очекува да ја искористи предноста што ја носи домашниот терен.

-Би било лицемерно да кажам дека очекувам било што освен победа. Во тимот владее општа мобилизација и мислам дека не недостасува мотивацијата. Имаме свои адути и свои предности кои мора да ги искористиме. Ќе бидеме комплетни и фокусирани сме само на првиот дуел, а потоа ќе размислуваме за следниот, изјави Назор.

Според него, МЗТ Скопје е добро организиран и финансиски стабилен клуб со одлични услови за работи и негува амбиции за враќање во АБА-лигата.

-За жал минатата сезона испаднаа од АБА лигата. Сега сакаат да се вратат, но се надевам дека тоа нема да го направат преку грбот на Задар. Имаат добри поединци, а ако им „фати“ шутот може да ни направат многу проблеми. Сепак, сметам дека клучен е нашиот пристап и дека ќе може да се разиграат онолку, колку што ние ќе им допуштиме, нагласи Назор.

Натпреварот Задар – МЗТ Скопје почнува во 17 часот. Се игра во два добиени натпревара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...