Шпанките ја одбранија титулата на ЕП

Шпанија ја одбрани титулата по победата во финалето на ЕП 2019 над Франција со 86:66. Шпанките, кои завчера драматично се бореа со домаќинот Србија, не наидоа на отпор во решавачкиот меч за златните медали.

Тие водеа од самиот почеток и никогаш ни за момент не оставија сомнеж за нивната супериорност, станувајќи првиот тим што ја освоил титулата во две последователни првенства.

Марта Шаргаи беше најуспешна за шампионите со 23 поени. Силвија Домингез постигна 13 поени, а Лаија Палау додаде 12. Центарот на Лаура Хил допринесе за 9 поени и 10 скокови.

Француските репрезентативки одиграа многу добри натпревари во српскиот главен град, но беа беспомошни во финалето. Ѕвездата на тимот, Сандрин Груда постигна 18 поени, а Брија Хартли нанижа 17, но и двете не добија доволно поддршка од своите соиграчки.

Титулата е четврта за Шпанија од ЕП. Претходните три златни медали беа освоени во 1993, 2013 и 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...