Четири за, три против и три воздржани, за предлогот на КФСМ да не се прогласи шампион

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – На состанокот одржан денеска по електронски пат беше реализирано гласањето од страна на клубовите учесници во Македонското кошаркарско првенство околу предлогот на федерацијата „Да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи“.

Четири клуба, КК Работнички – Скопје, КК Гостивар-Гостивар, КК Вардар-Скопје и КК Куманово 2009-Куманово се произнесоа да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи.

Три клуба, КК МЗТ Скопје Аеродром АД-Скопје, КК МЗТ Скопје Уни-Банка-Скопје, и КК ФМП Академија-Скопје се изјаснија за предлогот: КК МЗТ Скопје Аеродром АД да се прогласи за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи.

Три клуба, КК Еуро Никел 2005-Кавадарци, КК Кожув-Гевгелија и КК Пелистер-Битола беа воздржани во гласањето по предлогот од страна на федерацијата.

– Резултатот на ова гласање раководството на КФСМ ќе го формулира како дефинитивен предлог и ќе го стави пред членовите на Управниот Одбор на КФСМ кој треба да ја донесе конечната одлука за заклучување на натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2019/2020, соопштија од федерацијата. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...