Сами сме кројачи на нашата судбина

Ако некој пред почетокот на овие квалификациите кажеше дека Македонија ќе има три победи пред третото по ред гостување, веројатно тој ќе беше квалификуван барем како нереален „следбеник“ на кошаркарската игра во нашата зеја.

Но, тоа веќе стана факт, Македонија со максимален ефект од три победи во исто толку натпревари, а два од нив на гостински терен допатува во Шарлора, каде вечерва, од 20.30 часот, тимот на Александар Џикиќ ќе се обиде да ја заврши работата.

Односно доколку за тоа се укаже шанса, по само четири круга од квалификациите по четврти пат по ред стигнеме од крајната цел – Евробаскетот.

Откако во Хорсенс и не бевме така сјајни, а во Минск имавме феноменално отворање, лоша средишница и одличен крај, според логиката на нештата во Шарлора би требало тоа да го ставиме во една идеална целина.

Пред сè да бидеме константни против противникот кого го изненадивме на она „отворање“ во скопската Арена, макар и во екстра периодот од пет минути.

А и нашите кошаркари не би имале ништо против доколку повторно одиграме еден таков меч со „близок резултат“, но и со ист епилог како и во Скопје, кој би нè промовирал во сигурни учесници и на наредното Европско првенство.

Водени од прикажаното на претходните три меча, особено оној во главниот град на Белорусија, нашите репрезентативци, во свој стил, без помпезни најави во очекувањата од овие 40 минути кои би можеле да ги претвориме и во решавачки.

„Ја имаме ситуацијата во своите раце, значи дека и самите ќе си ја кроиме судбината во овие квалификации. Самите се изборивме за тоа. Досега направивме многу, веројатно и над сите очекувања на нашата кошаркарска јавност. Но, тоа не значи дека тука некаде сме застанале, напротив“- вели Александар Костоски, дел од онаа наша убиствена „машинерија“ во Минск, каде веројатно и дојдовме до тој клучен „брејк“ кој сериозно нè доближи до крајната дестинација.

Костоски вели дека не би имал ништо против доколку го повториме она шутерско издание од претходниот натпревар.

„Шутот е релативна работа и треба да го користиш максимално секако кога ќе почувствуваш дека ти’оди’, како што тоа беше случајот пред некој ден во Минск. Свесни сме дека една такво издание тешко се повторува, но ние ќе се обидеме да го направиме и тоа. Свесни сме и дека Белгија не е Белорусија, дека играат сосема поразлична кошарка, имаат и поквалитетни поединци. Сега се и дополнително мотивирани да ни вратат за она што го загубија во Скопје. Но, ако го искористиме тоа што најдобро знаеме да го играме, ветувам дека пак ќе имаат потешкотии да си ги реализираат тие планови“- смета нашиот плејмејкер, кој по правило не започнува како стартер, но на крајот е на врвот на листата на најдобрите поединци кај „црвено-жолтите“.

А и пред почетокот на овој меч, сега е јасно, Македонија е во некоја одредена предност во однос на домаќинот. Ние можеме да си дозволиме и текот да го наречеме „луксуз“ и да загубиме. Но, со разлика помала од три поени, односно онаа која како позитива ја донесовме од Скопје, а ја пренесовме преку Данска и Белорусија. Пред сè затоа што како што знае тоа сликовито да го опише селекторот Александар Џикиќ, и по 20 август ќе се раздени, па ќе видиме каде ќе бидеме (на табелата) во тој момент.

„Ние не се занимаваме со такви работи, да ги броиме поените, или што и како. Тоа го прават статистичарите, додека наше е да одиграме најдобро што можеме, а мислам дека и можеме и умееме. Видовме дека може да се игра со Белгија. Нема збор дека се квалитетна екипа, но и ние некако ’пораснавме’ преку овие позитивни резултати. Ни треба некоја константноста во играта, па ако ја пронајдеме, зошто да не, ќе ја поминеме и оваа пречка. Ние веруваме во себе, и тоа е најважниот момент, оној кој нè води низ овие квалификации“ - заклучува Костоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...