Америка е пресилна, НБА мора да ги повлече ѕвездите!

„Конфетите паѓаат, се свири американската химна, а илузијата за нашата кошарка повторно се одвива сама, одново и одново. Тогаш излегуваат тренерите на универзитетските тимови Дјук (Мајк Кшижевски) и Сирајкуз (Џим Бохајм), кои ги гушкаат НБА ѕвездите, позираат за фотографите кои ќе се испраќаат низ светот... на идните ѕвезди на кошарката. Жална Србија, (сребрена на овој турнир во Шопанија) е само украс за снимките кои ќе послужат за регрутација на идните колеџ-играчи“.

Еден ваков увод даде еден од најпознатите НБА аналитичари на мрежата „Јаху“, Адријан Војарновски, посветена на случките од штотуку завршениот Мундијал во Шпанија.

Овој аналитичар оди уште понатаму, вели дека целиот овој турнир во изминатите две недели во неколку града во Шпанија бил само едно „обично губење време и ресурси“.

„Освен што Дерек Роуз го искористи ова натпреварување на ФИБА за совршена рехабилитација, и освен што некои новинари уживаа во храната, си собираа печати во пасошот за некои дополнителни патни бонуси кои ќе ги искористат кога ќе помине летото, овој турнир е за сите губење време и ресурси“- пишува Војарновски.

Тој има објаснување и за оној натпреварувачки дел оа Светскиот куп, како што по ново се вика некогашното Светско првенство.

„Тоа натпреварување порано го нарекуваа Светско првенство а сега Светски куп во кошарка. Она што е сигурно тоа натпреварување ја надживеа својата корисност за НБА лигата. Па затоа сопствениците и челниците на НБА лигата би биле навистина мудри ако пратат една заедничка петиција на адресата на светската куќа на кошарката, ФИБА, да се измени иднината на меѓународната кошарка. Затоа што, како што ми кажа еден извршен директор од еден НБА тим, ’повеќе таленти и поголемо интересирање за кошарката има во нашата НБА летна лига отколку овој настан’“.

Овие констатации објавени на еден од најпосетуваните сајтови на светот не се и нереални, особено кога се говори за американската кошаркарска гордост.

„Светското првенство е прекрасен настан, добро организиран и добро координиран, со гордост и со богата традиција. Но, тој е уште нешто, тоа е случување кое е под прагот на гордоста за НБА ѕвездите за тие да учествуваат таму. Ѕвездата на Индијана, Пол Џорџ, на подготовките ја скрши ногата, и тоа во еден сосема безначаен натпревар, што дури сега нема никаква смисла кога гледаме дека САД им уфрли 129 поени на Србите во борбата за златото.

Разликата меѓу американските играчи и остатокот на светот повторно порасна. А романсата која се создаде со појавата на нашите ’дрим-тимови’ полека но сигурно умира. Единствен вистински пат по кој треба да се оди е американската репрезентација да биде составена од играчи до 22 години. И во неа да бидат само најдобрите млади НБА играчи, а заедно со нив, еден или два ’суперстари’ од колеџ кошарката која треба да се претстави на глобалниот пазар“- гласно размислува Војарновски.

Интересно, во секој случај, иако јасно е дека и „другата страна“ има што да каже на еден ваков предлог, кој многу веројатно може да биде и официјален. Ако не до Олимпијадата во Рио за две години, тогаш извесно за следниот Мундобаскет, таму некаде по пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...