Напади и навредувања наоколу

Антиќ „со дрва и камења“ по Врба?!

Денеска македонската јавност е сведок на огромно препукување на интернет помеѓу две македонски кошаркарски легенди. Врбица Стефанов и Перо Антиќ си споделија неколку невкусни коментари кои ја заинтересираа целата македонска јавност.

Целата работа започна кога нашиот НБА играч, Перо Антиќ, тотално некоректно и со многу невкусни зборови удри по македонската легенда, Стефанов. Врба од доцна синоќа е новиот тренер на нашиот шампион МЗТ Скопје. Антиќ на својот профил на популарната друштвена мрежа Instagram го објави следното:

-Не знам дали е пародија или заебанција, уште една наша тимска икона отиде во пропаст. Дундата улизи-смукович конечно стигна до целта, но за кратко верувајте“, напиша Антиќ.

Ова не е прв пат, Антиќ јавно да го нападне легендарниот капитен на Македонија, кој според чаршиските муабети, бил човекот кој го вложил сиот авторитет за да го врати Антиќ во репрезентацијата пред ЕП 2009 во Полска, кога тогашниот селектор Јовица Арсиќ го избрка поради нокаутирање на Синиша Аврамовски на тренинг.

Еве го тогашниот пост на Антиќ:



Популарниот Врба не остана покус па веднаш реши да возврати: „Навистина не ми се јасни фрустрациите кои Антиќ ги искажува кон мене. А, можеби и има причина за тоа, не знам. Он е еден од ликовите на кои не трошам време за анализирање, а неговите зборови само ја искажуваат неговата култура и домашно воспитување. Тоа е негов начин на изразување и негов вокабулар, а дали е исправен ќе процени јавноста. Само ми е жал за децата на кои тој им е идол“, кусо ни прокоментира популарниот Врба.

Останува само да ја дознаеме причината зошто Антиќ удри со „дрва и камења“ по Врбица Стефанов, кој сега е пред нов предизвик во кариерата, тренер на МЗТ Скопје кој во моментов игра во силната АБА Лига и притоа треба да ги одбрани двата пехари во изедначеното Македонското првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...