Мек Кејлеб оди во Галатасарај?

Натурализираниот македонски бек Лестер Бо Мек Кејлеб, најверојатно, кариерата ќе ја продолжи во некој европски клуб, а најнова дестинација која се спомнува е Галатасарај. Иако желбата му беше да се обиде да добие договор во некој НБА тим, како што стојат работите во моментов, тоа нема да се случи и на една недела пред стартот на сезоната во најсилната лига на светот, никој не му понуди прифатлив договор.

Мек Кејлеб во претходните две сезони играше во дресот на Фенербахче Улкер (најлут спортски ривал на Галатасарај) и беше еден од најплатените играчи на „Стариот континент“, па затоа сега има проблем да си најде клуб кој би можел финансиски да ги исполни неговите барања. Во меѓувреме, Галатасарај веројатно ќе го отпушти недисциплинираниот Нолан Смит, кој среде мечот со Банвит се скара со тренерот Ергин Атаман, па се ослободува место за Мек Кејлеб. Во минатата сезона во турската лига, Мек Кејлеб имаше просек од 11 поени и 1,3 украдени топки по меч, а погодуваше 57 проценти од шутевите од поле.

Иако постоеја шпекулации оти интерес за него има кај Армани Милано, Лаборал Куча, Партизан и некои кинески клубови, сега сè поизвесно е оти популарниот Бо останува во Турција, земјата во која ја почна професионалната кариера.

Српските медиуми шпекулираа дека Мек Кејлеб наводно би можел да се врати во Партизан каде би играл за далеку помала плата од досегашната. Мек Кејлеб не крие дека го сака клубот во кој се прослави на европска сцена и со кој во 2010 година играше фајнал-фор во Евролигата. Но, менаџерот на Мек Кејлеб негираше дека постои можност Бо да се врати во редовите на белградските „црно-бели“, кои имаат финансиски проблеми, и бележат слаби резултати во АБА лигата и Еврокупот. Се зборува дека лошата состојба на Партизан и неиграњето во Евролигата биле пречки за привлекување на Мек Кејлеб.

„Последните неколку дена телефонот постојано ми ѕвони и сите ме прашуваат за Мек Кејлеб и дали има вистина во тоа што се зборува. Можам да кажам дека ние како клуб не сме разговарале ниту со Мек Кејлеб, ниту со неговиот агент, а дали допрва ќе разговараме, тоа не знам. Нам многу ни треба еден коректен плејмејкер. Кога ќе го донесеме, Партизан ќе биде тврд орев за сите противници. Не знам дали новиот плеј со каков пасош ќе биде, но знам дека ќе биде странец бидејќи во Србија нема играч каков што ни треба“ - изјави директорот на Партизан, Драган Тодориќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...