Во март одлука за ЕП 2017

Претседателот на ФИБА Европа, Турчинот Тургај Демирел, при посетата на Варшава каде се одржаа конвенција за минибаскет и состанок на Комисијата за младинска кошарка во која членува и генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ, во интервју за полските медиуми изјави дека заложба на европската федерација е кошарката да биде најбрзо растечки спорт на континентот, и тоа за него е најголем предизвик.

„Ние работиме на развој на кошарката во сите земји, но познато е дека имаме огромна конкуренција од други спортови. Кај мене во Турција, спорт број 1 е фудбалот, во Полска одбојката е многу популарна, ракометот во Германија. Секоја национална федерација има различни предизвици, но најважната цел е да се охрабрат децата и младите генерации да се практикуваат кошарка ако сакаме нејзин развој. Во последните 20-25 години позицијата на кошарката во Европа се смени на подобро, но сметам оти уште не е достигнато нивото на кое треба да биде“ - вели Демирел.

Турчинот го брани новиот календар кој беше донесен по барање на Светската федерација ФИБА, и со кој се намалува бројот на европски првенства, а се воведуваат квалификации кои ќе траат преку цела година.

„Промените во календарот ќе донесат проблеми. На пример, на Франција речиси целиот тим и игра во НБА, но мислам дека имаат квалитет и без да се најдат на завршницата на која има 24 тима. Дел од квалификациите не се поклопуваат со сезоната во НБА, па и оние од најсилната лига ќе бидат во можност да настапат. На пример, во октомври и мај. Мислам дека федерациите ќе се справат со тоа, ќе се бараат нови играчи и тоа ќе биде предизвик. Новите лица секогаш се добра работа за кошарката“ - смета Демирел.

Полска беше еден од кандидатите за домаќин на Евробаскетот 2015, но не ја доби довербата на Бордот, туку Франција, Германија, Хрватска и Летонија.

„Полска беше организатор на турнирот во 2009 година. Германија беше домаќин на шампионатот во 1993, Франција во 1999 година, Хрватска никогаш, а Летонија премногу одамна. Бордот мораше да одлучи врз основа на различни критериуми. Полска има големи сали во различни градови и може да добие не само една група туку и целиот шампионат. На пример, можеби ЕП во 2017. За тоа првенство, Украина има предност, но ситуацијата во земјата сè уште не е јасна. Бордот на ФИБА Европа ќе донесе одлука по ова прашање, но не подоцна од март 2015 година. Ако во Украина работите не се подобрат, ќе почнеме да бараме друг домаќин. По 2017 година Евробаскетот ќе се одржува на секои четири години, што прави полесно да најдеме домаќин на турнирот“ - објаснува Демирел.

Финалето на ЕП 2015 ќе се игра на стадионот во Лил каде на трибините собира 28.000 гледачи.

„Не мислам ќе ја имитираме одбојката чие Светско првенство во Полска, стартуваше на стадион. Слични настани се одржуваат на стадиони низ светот. На пример во Далас на фудбалски стадион се играше ол-стар натпревар во НБА. Евробаскетот 2015 година ќе се одржи во четири земји. Ние сакаме да ги гледаме позитивните работи, мислам дека ќе имаме многу публика. Распоредот веќе е одреден, нема да има еден ден плус за одмор. Патувањето со авион од Летонија до Франција е 2-3 часа, тоа нема да биде голем проблем за тимовите“ - смета предводникот на европската кошарка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...