Сан Антонио го доби дербито на Тексас

Во еден од трите ноќешни натпревари со кои беше отворена новата сезона во НБА лигата, екипата на Сан Антонио на драматичен начин го победи Далас во тексашкото дерби.

Актуелниот шампион до победата беше предводен од Тони Паркер кој уфрли 23 поени меѓу кои и шутот за победа. Се истакнаа и Ману Џинобиле со 20 поени и шест асистенции, како и Тим Данкан со дабл-дабл ефект 14 поени и 13 скокови.

За Далас одличен натпревар одигра Монте Елис со 26 поени, Дирк Новицки запиша 18 реализации.

Почетокот на сезоната го одбележа и враќањето на Коби Брајант во тимот на Лејкерси, кој со 19 поени беше најефикасен играч кај „езерџиите“, но тоа не беше доволно за поволен резултат на средбата со Хјустон.

Резултати на трите НБА дуели одиграни ноќеска:

Сан Антонио – Далас 101:100,

ЛА Лејкерс – Хјустон 90:108 и

Њу Орлеанс – Орландо 101:84.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...