Софија, 15 ноември 2014 (МИА) – На натпреварот од 8. коло во кошаркарската АБА лига меѓу Левски и Партизан се случи голем инцидент поради што средбата во моментов е во прекин.
Инцидентот е предизвикан од навивачите на бугарскиот тим, кои во паузата меѓу првите две четвртини влетаа преку теренот на другата страна на трибините и ја нападнаа групата навивачи на Партизан. Кошаркарите побегнаа во соблекувалните.
Има информации за неколку посериозно повредени навивачи. Полицијата дојде во салата дури по неколку минути. Во тек е празнење на салата и се очекува мечот да продолжи без присуство на публика.