Нема кошарка без вистински центри!

Уште една пропуштена шанса е зад кошаркарите на МЗТ Скопје. Ниту гостувањето во Загреб и дуелот со Цибона не донесе ништо ново во играта на „сино-белите“. Игра која би требало да биде на она „јадранско ниво“, и игра со која се освојуваат бодови.

МЗТ Скопје беше далеку од освојување на двата бода во домот на легендарниот „цибос“ Дражен Петровиќ, без разлика што на „влезот“ во последниот период имаа достижна негатива (од само два поена).

А се чини дека како никогаш порано, пред себе немале така тешка задача да излезат на крај со тимот, никогаш послаб, а го носи името на Цибона.

Реално Цибона е далеку од оние шампионски денови, уште помалку личи на тим кој лани ја освои АБА-лигата, без оглед на тоа што во своите редови има неколку звучни имиња познати на европската кошаркарска јавност, вклучително нели и нашиот Владо Илиевски.

Но дефинитивно е јасно дека проблемот е на нашата страна, онаа на МЗТ Скопје.

Овој, ваков МЗТ Скопје, кој не може да се носи со играчи од „втора класа“ во Европа (Лалиќ и Јагодиќ-Куриџа сигурно се такви) и нема што да бара на вакви натпревари.

Јасно е дека без Симоновски и Стојановски работата за победување е доста отежната, но, сепак, нели мора да се игра јадранска кошарка и во едни такви „услови“.

Сè некако се претвора во едно големо „мачење“ и за играчите на теренот и за публиката (во овој случај покрај малите или големи ТВ-екрани сеедно), иако, помалку и изненадувачки, вршителот на должноста на прв тренер во МЗТ изразува задоволство од она како одиграа во Загреб.

„Жал ми е што не се покажавме во некое подобро светло, но задоволен сум од она како одиграа моите момци“, ќе каже Митев по овој меч по кој МЗТ Скопје се симна на скор 4-8 и е на 12. место на табелата во АБА-лигата.

Сепак, Митев вели дека многу работи биле решени во првиот дел од играта, во кој примиле премногу поени.

„Потфрливме во првото полувреме и примивме премногу кошеви. Нашиот систем е таков, мораме да ја контролираме топката, а 11 загубени топки е премногу. Тоа заедно со 13 офанзивни скока на противничката екипа ги гледам како клучни за поразот“, продолжува со анализата Митев.

Не заборава да нагласи дека од ова гостување МЗТ Скопје е уште послаб во играчкиот ростер.

„Овде дојдовме без двајца клучни играчи, тоа се Стојановски и Симоновски на кои им посакувам брзо враќање. Не успеавме да оствариме победа за нив, но се вртиме кон оној следен натпревар во кој се надеваме на победа“, го заклучува ова гостување првиот тренер на „металците“.

И кога ќе се обиде да изведе еден заклучок, се доаѓа до констатацијата дека МЗТ Скопје загуби од Цибона поради тоа што лошо ја одигра последната четвртина.

Или онаа во која првите поени (од игра) ги дадоа во последната минута, а откако претходно имаа само пет (сите од линијата за слободни фрлања).

Воопшто, потфрли комплетната центарска линија на „сино-белите“. Маринковиќ, Лучиќ и Класен (Николовски не одигра голем број на минути) не беа на класата на играчи кои реално не се ништо поквалитетни од нив.

Со таква игра, пред сè во одбраната, не може да се победува дури ни една „ваква“ Цибона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...