Репрезентативниот центар Предраг Самарџиски е новото засилување на македонскиот првак МЗТ Скопје, информација што е практично потврда на она што „Македонски спорт“ ексклузивно го најави пред три дена.
Интересно е што договорот е со важност по одигрувањето на финалниот турнир од Купот на Македонија, кој, најверојатно, ќе се одигра на крајот на февруари. Тоа значи дека популарниот Пеџа во „сино-белиот“ дрес ќе биде нешто повеќе од два месеци.
Самарџиски може веќе в понеделник да заигра за МЗТ, во дуелот со Црвена Звезда од АБА лигата, доколку раководството на клубот успее денеска да го пријави неговиот настап. Ако се случи тоа тогаш центарот ќе дебитира против тимот за кој настапуваше ланската сезона.